logo
logo
logo

Дани Олмо од денес е слободен играч, Барселона не успеа да го регистрира

Vecer | 01.01.2025

Дани Олмо од денес е слободен играч, Барселона не успеа да го регистрира

По долгите преговори со шпанската фудбалска федерација, Барселона сепак не успеа да го регистрира големото летно засилување Дани Олмо. Пред неколку недели пристигнаа информации дека Барса нема финансиски средства за да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор за вториот дел од сезоната.

Челниците на каталонскиот клуб водеа долги преговори со шпанската фудбалска федерација и бараа решенија за покривање на финансиските средства потребни за регистрација на двата фудбалери. Рокот за регистрирање на Олмо и Виктор беше до 31 декември, но фудбалската федерација на Шпанија го продолжи рокот за уште три дена. Сепак денес од Шпанија пристигнаа вести дека фудбалската федерација ги одбила барањата на Барселона и дека од денес Дани Олмо е слободен играч кој може да преговара со друг клуб.

Барселона го купи Дани Олмо летово за сума од 60 милиони евра од Лајпциг, но тој нема да може да ја продолжи кариерата во каталонскиот клуб во блиска иднина.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk