Кризата го гризе Манчестер Сити и го тера се подолу и подолу. Денеска на „Боксинг Деј“ пред своите навивачи, момците на Пеп Гвардиола не успеаја да слават ниту против екипата на Евертон, играјќи нерешено 1:1 со што врза четири натпревари без победа (два порази и две ремија).
Мечот, сепак тргна одлично за Сити и уште во 14. минута домашните поведоа со 1:0 со голот на Силва. Сепак, неконзистентноста во играта на шампионот дојде до израз само 26. минути подоцна, кога Ндаје успеа да погоди за израмнување на 1:1.
Манчестер Сити, сепак, доби голема шанса за победа во 53. минута, но Халанд по вторпат оваа сезона не успеа да погоди од белата точка. Тоа се чини беше и пресуден момент на мечот,иако во 95. минута Евертон имаше класична контра пред голот на Сити, но се сплеткаа и не знаеја да погодат за комплетен шок на шампионот.