logo
logo
logo

Бенто повеќе не е селектор на ОАЕ: Им донесе уште една победа, па му врачија отказ

Vecer | 27.03.2025

Бенто повеќе не е селектор на ОАЕ: Им донесе уште една победа, па му врачија отказ

Португалскиот фудбалски стратег Пауло Бенто повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Обединетите Арапски Емирати. Бенто беше отпуштен ден по победата на ОАЕ со 2-1 над Северна Кореја во осмото коло од групата А од третото коло од азиските квалификации за Светското првенство во 2026 година.

„Фудбалскиот сојуз на Обединетите Арапски Емирати одлучи да го разреши селекторот на репрезентацијата Пол Бенто, заедно со неговиот стручен штаб“, објави Фудбалскиот сојуз на ОАЕ на социјалните мрежи.

Бенто (55) ја презеде репрезентацијата на ОАЕ во јули 2023 година. Претходно ги водеше селекциите на Португалија и Јужна Кореја, како и Спортинг, Крузеиро и Олимпијакос. Фудбалската репрезентација на ОАЕ на две кола пред крајот е на третото место во поредокот во групата А од квалификациите за СП 2026 година со 13 бодови.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk