Самуеле Ричи следната сезона ќе се пресели во дресот на Милан. Според инсајдерот Фабрицио Романо, „Росонерите“ постигнале конкретен напредок во потпишувањето на договорот со Ричи, кој треба да биде главната аквизиција за следната сезона.
Фудбалерот на Торино е главна трансфер цел на Милан за да се засили средниот ред. Преговорите за личните услови со 23-годишниот играч одат во добра насока, и наскоро се очекуваат конкретни информации и за преговорите со Торино. Инаку, Ричи има договор со „биковите“ до 2028 година. Милан ќе понуди околу 25 милиони евра за неговиот потпис.
Сезонава Ричи одигра 19 натпревари во Серија А и постигна еден гол.