logo
logo
logo

Астон Вила и Јунајтед одиграа здодевно реми, кикс на Челзи на свој терен!

Vecer | 06.10.2024

Астон Вила и Јунајтед одиграа здодевно реми, кикс на Челзи на свој терен!

Попладнево во терминот од 17 часот се одиграа два меча од 7.коло во Премиер-лигата. На “Вила Парк“ во Бирмингем се сретнаа Астон Вила и Манчестер Јунајтед, но на крајот овој меч заврши со резултат 0:0. Едноставно здодевно реми без голови на разочарување на фудбалските фанови. Се чини дека по еден бод не им одговара ни на едните ни на другите, но на крајот се заврши со тој резултат.

На “Стемфорд Бриџ“ Челзи одигра само 1:1 против Нотингем Форест, во меч во кој “сините“ имаа повеќе шанси, и зицери. Во финишот и инцидент, но на крајот само по бод за двете екипи.

Гостите дојдоа во водство со голот на Вуд во 50.минута, но Мадуеке во 57.минута успеа да израмни на 1:1. Во самиот финиш, во судискотото продолжение кое траеше 15 минути, гостите имаа супер шанса за победа.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk