logo
logo
logo

Арсенал само со реми дома против Брендфорд

Vecer | 12.04.2025

Арсенал само со реми дома против Брендфорд

during the Premier League match between Arsenal and Brentford at the Emirates Stadium, London, England on 12 April 2025.

Арсенал полека но сигурно ја губи битката за титулата. Поточно, чекорот со првопласираниот тим во Премиер лигата, тимот на Ливерпул. „Топџиите“ предмалку на свој терен не успеаа да остварат победа во новото коло од Премиер лигата против тимот на Брендфорд и одиграа само реми, 1:1.

Во првиот дел од мечот, домаќинот постигна гол преку Тирни кој беше поништен од ВАР поради офсајд.

Во вториот дел работите тргнаа на добро, откако Парти погоди за 1:0. Сепак, Виса изедначи на 1:1 во 74. минута од мечот.
Домаќинот потоа немаше сила ниту пак концентрација во завршницата за да постигне уште еден гол, па мечот заврши со поделба на бодовите.

Па така, сега Арсенал со ова реми има 63. бода десет помалку од првопласираниот Ливерпул кој што пак има и меч помалку.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk