logo
logo
logo

Повторно солзи: Нејмар повторно се повреди!(ВИДЕО)

Vecer | 17.04.2025

Повторно солзи: Нејмар повторно се повреди!(ВИДЕО)

Дали ова е навистина крај за Нејмар и неговата кариера. Повторно се повреди бразилската мега – ѕвезда, повторно плачеше како мало дете, и повторно не го одигра натпреварот во негов стил.

Се играше 34.минута кога мораше да го напушти теренот низ солзи на средбата меѓу неговиот Сантос и Атлетико Минеиро.

Интересно, ова е негова 45 повреда во кариерата. Досега бил надвор од фудбалот 1445 дена, а со оваа повреда тоа ќе биде и повеќе од четири години.

За Сантос, Барселона, ПСЖ, Ал Хилал и селекцијата на Бразил тој пропуштил 250 натпревари што значи 25% од кариерата бил повреден.

Неверојатно.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk