logo
logo
logo

Анчелоти: Би сакал да бидам селектор на Италија

Vecer | 09.12.2023

Анчелоти: Би сакал да бидам селектор на Италија

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека би сакал да работи како селектор на Италија, пренесува „Фудбал Италија“.
Би сакал еден ден да го предводам италијанскиот национален тим, тоа би било фантастично. Но знам дека сега е во добри раце, Спалети е топ тренер и ќе го напрви тимот уште подобар. Тој е интелегентен и амбициозен“, изјави Анчелоти.
Изминатите месеци се зборуваше дека Анчелоти ќе биде нов селектор на Бразил но од тоа ништо.
Има интерес, но договорот со Реал ми истекува на 30 јуни 2024 година. До тогаш ништо. Потоа ќе видиме“, изјави Дон Карло.
Искусниот тренер посочи дека тој, Алегри и Мурињо се од постарата генерација и практично се борат со новата генерација.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk