Уште еден нов, трауматичен пораз за сите во Манчестер Јунајтед и тоа од Вулверхемптон со 2:0. Се чини дека еден од најголемите виновници беше капитенот Бруно Фернандеш кој во 47.минута на 0:0 доби црвен картон, односно втор жолт и го остави својот тим на цедило. Тренерот Рубен Аморим толку му беше гневен на својот капитен, инаку сонаридник па така одби да се ракува со Бруно кога овој излезе од теренот, само му го сврте грбот.
Колкавава е агонијата и фрустрацијата на Аморим кажува и дел од изјавата по мечот со Вулфси:
“Не, не… не мислам дека преку Премиер-лигата Јунајтед може да се избори за тоа следната сезона да игра во некој европски куп. Поточно мислам дека немаме никакви шанси за такво нешто. Немам поим колку време ќе ни треба да ги решиме проблемите со кои сме соочени, но наше е да работиме напорно“ посочи Португалецот на клупата на Манчестер Јунајтед.