Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим беше задоволен од победата од 2:1 над Викторија Плсен во Лигата на Европа. Успехот повторно дојде тешко бидејќи „црвените ѓаволи“ мораа да се вратат. Сепак, Португалецот гледа подобрување во некои детали од играта на тимот. Тој го пофали и човекот на натпреварот Расмус Хојлунд.
“Тој се подобрува, почесто го гледаме на гол позиции. Расмус добро знае како да се движи. Можеше да постигне повеќе голови. Но, важно е да постигнува голови, да работи напорно и подобро да ја контролира топката”, изјави Аморим. .
Потоа ги сподели своите размислувања и за натпреварот.
“Се подобруваме во некои детали. Подобро ја контролиравме транзицијата. Бевме агресивни кога ја губевме топката, но треба да поминуваме повеќе време крај противничкиот гол. Во второто полувреме ја подобривме брзината на нашата игра. Им реков на играчите да се движат повеќе на напредните позиции бидејќи противникот треба да се чувствува под притисок. Малку ја променивме играта, а помогнаа и играчите кои дојдоа од клупата. Се подобривме не само начинот на кој игравме, но и нашата брзина. Во првото полувреме подобро ја контролиравме топката, но ни недостасуваше брзина и движење ја контролиравме топката бидејќи теренот беше тежок и немавме шанса да постигнеме гол во вториот дел на следниот натпревар“, заклучи специјалистот.