Иако му е кажано дека Манчестер Јунајтед, освен ако не продаде играчи, оваа зима нема шанси да ангажира нови имиња на, сепак тренерот Рубен Аморим е тврдоглав и бара од раководството по секоја цена да му се донесе уште сега Виктор Ѓокерес. Познато е дека фантастичниот Швеѓанец е трансфарна цел на повеќе клубови, ама поради Аморим со кого Ѓокерес соработуваше во Спортинг Лисабон, се очекува неговиот избор да биде “Олд Трафорд“.
Се шпекулираше дека тој во јуни ќе дојде во Манчестер Јунајтед, но очигледно е дека Аморим е свесен дека и покрај се во неговиот тим нема екстра класа напаѓач и тоа мора да се реши во зимскиот преоден рок.