logo
logo
logo

Американците на „апарати“… ФИФА забрани влез на Мундијалот со шишињата за вода за повеќекратна намена

Vecer | 04.06.2026

Американците на „апарати“… ФИФА забрани влез на Мундијалот со шишињата за вода за повеќекратна намена

„Шишињата за вода за повеќекратна употреба повеќе не се дозволени на стадионите на Светското првенство “ –  вака гласи анредбата од страна на ФИФА, кон организаторите САД, Мексико и Канада, на претстојниот Мундијал.

Светската кровна организација смета дека екстра популарните шишиња на тој континент се потенцијална опасност, па за да се спречи секаква можност од евентуална повреда, истите нема да бидат дозволени.

Секако, ова го покренува прашањето околу хидратацијата на милионите гледачи кои што ќе ги следат во живо мечевите, а нормално во моментов и во тој дел од светот е лето, па температурите ќе бидат минимум до 30 целзиусови степени.

Конечно, со оглед на фактот што навивачите веќе на големо коментираат за екстремно високите цени на билетите, сместувањата, превозот, рестораните во САД, може само да се замисли што се ќе имаат да кажат околу цената на водата што ќе мора да ја купат на стадионите.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk