Бруно Фернандес, ѕвездата на Манчестер Јунајтед, е еден од најважните играчи на Португалија на патот кон успехот на Светското првенство во 2026 година, но жената која е покрај него уште од училишните денови ретко се појавува во центарот на вниманието.
Ана Пињо го запознала Бруно Фернандес како тинејџерка во Португалија и останала негова најголема поддржувачка во сите фази од неговиот подем. А сега, за време на Светското првенство, нивната љубовна приказна некако привлекува внимание.
Која е Ана Пињо?

Ана Пињо е најпозната како сопруга на Бруно Фернандес, иако нејзината приказна започнува долго пред тој да стане светски познат фудбалер. Таа и Бруно се запознале како тинејџери во средното училиште Боависта во Португалија, а пријателството од училишните денови прераснало во љубовна врска која траела повеќе од една деценија.
Тие биле заедно околу осум години пред да се венчаат во декември 2015 година.

Според достапните информации, Ана е родена на 18 април 1994 година во Португалија. Пред да се пресели во странство за кариерата на Бруно, таа работела како судија по футсал во Португалија, честопати судејќи три или четири натпревари во еден ден, во сабота.
Иако заработката не беше голема, на нивните заеднички почетоци тоа значеше многу, бидејќи Бруно, како млад фудбалер кој само се обидуваше да се бори за своето место, немаше големи приходи.
Поддршака која беше најважна за него му донесе голема кариера, и големо богатство, а тие се заедно и уживаат во животот кој знаел да ги цени и наради нивната љубов и нивниот труд.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата