logo
logo
logo

Ако не се ослободат од него летово ќе треба да го плаќаат како Роналдо

Vecer | 12.05.2025

Ако не се ослободат од него летово ќе треба да го плаќаат како Роналдо

Новиот ко-сопственик на Манчестер Јунајтед, Џим Ратклиф, сака да се ослободи од бразилскиот ветеран Касемиро (33) поради неговата огромна плата, а Бразилецот би можел да стане уште поголем финансиски товар за клубот од Олд Трафорд според една клаузула од неговиот договор.

Имено, доколку Јунајтед ја освои Лигата на Европа, што би ги квалификувало за Лигата на шампионите, приходите на бразилскиот играч од средниот ред следната сезона ќе скокнат за 25 проценти.

Јунајтед сака да се ослободи од приходот на Касемиро од околу 413.000 евра неделно, а сега неделните приходи на Бразилецот во последната година од договорот би можеле да скокнат на околу 590.000 евра.

Интересно е што Кристијано Роналдо зараболуваше приближно толку во својот втор мандат во клубот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk