logo
logo
logo

Марјан Илиевски е нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација

Vecer | 17.06.2025

Марјан Илиевски е нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација

Марјан Илиевски ќе биде промовиран во нов селектор на сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија.

Илиевски се договори со раководството на федерација да ја преземе селекторската позиција од Александар Јончевски.

Поранешниот кошаркар и тренер во минатото соработуваше со претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Томица Главчев во тимот на Блокотехна.

Промоцијата на Илиевски ќе се случи утре на прес-конференција закажана за 12 часот.Првиот предизвик за македонската репрезентација со Илиевски на селекторското место ќе бидат претквалификациите за Светското првенство 2026 во август годинава.

Македонија е во група со  Романија и Унгарија, а пласман во главните квалификациии обезбедуваат двете првопласирани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk