logo
logo
logo

Нејмар ја спука со фановите на Сантос!(ВИДЕО)

Vecer | 15.04.2026

Нејмар ја спука со фановите на Сантос!(ВИДЕО)

Фото: Сантос Х

И дефинитивно не му одат работата на Нејмар во последно време како што тој посакува, па и неговите фанови. Дали Нејмар ќе биде на Светското првенство е големо прашање, бразилските медиуми долго време пишуваат дека Карло Анчелоти не ја сака најголемата ѕвезда на бразилскиот фудбал во последните десет години. Сега е уште поизвесно дека тоа нема да се случи.

Нејмар играше на Копа Судамерикана за својот Сантос против Депортиво Реколета, но беше само 1:1 по што овој фудбалер влезе во конфликт со навивачите на својот клуб. По натпреварот, тој зборуваше за телевизија, а непосредно пред да се сврти кон камерите, им рече на навивачите да замолчат.

Направивме грешки, сите правиме грешки. Тоа е дел од играта. Мислам дека создадовме многу шанси, не игравме лошо. Навивачите се нервозни, сакаат повеќе, но тимот игра добро. Ја разбирам фрустрацијата, но тоа е фудбалот, понекогаш топката едноставно не сака да влезе во голот“, рече тој, а потоа го навреди навивачот:

Требаше да тренираш повеќе. Стануваш дебел“, му рече Нејмар.

Во право си… Дали си среќен сега? Разгален сум? Се трудам најдобро што можам овде. Еве, ќе ти ги дадам твоите пет минути слава“, му рече Нејмар на навивачот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk