logo
logo
logo

Јамал со порака:“Ние сме Барселона и ќе се вратиме таму каде што ни е местото!“

Vecer | 15.04.2026

Јамал со порака:“Ние сме Барселона и ќе се вратиме таму каде што ни е местото!“

FC Barcelona

Повеќе од една деценија Барселона не ја освоила ЛШ. Јасно е дека елиминацијата од Атлетико Мадрид ќе биде голем удар за каталонската гордост. Токму затоа, Ламине Јамал, испрати силна порака до навивачите по елиминацијата на тимот од Лигата на шампионите. Каталонците беа блиску до пресврт против Атлетико Мадрид во четвртфиналето, но на крајот не успеаја да продолжат понатаму.

Натпреварот беше обележан и со контроверзни судиски одлуки, како и со црвен картон во второто полувреме за Ерик Гарсија, што дополнително ја искомплицира задачата на Барса. И покрај напорите и силната желба на Јамал, вклучувајќи го и голот во реваншот, Барселона повторно не успеа да ја надмине оваа фаза од турнирот.

Еден ден по елиминацијата, 18-годишниот талент го прекина молчењето со емотивна порака на социјалните мрежи, во која покажа доверба во иднината на тимот.

Дадовме сѐ од себе, но не беше доволно. Ова е само дел од патот – за да се стигне до врвот, мора да се искачиш, а знаеме дека нема да биде лесно. Но, откажувањето не е опција. Секоја грешка е лекција и ќе учиме од нив. Ние сме Барселона и ќе се вратиме таму каде што припаѓаме. Моите родители ме научија дека зборот на една личност мора да се исполни… и ние ќе го вратиме трофејот во Барселона“, напиша Јамал на Инстаграм.

Со своите зборови, младиот Шпанец јасно ги искажа амбициите на тимот во блиска иднина и најави дека Лигата на шампионите повторно ќе биде цел број 1 за Каталонците и следната сезона.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk