logo
logo
logo

Агим Јонуз

Трета опција? Никад, а можда ни тад

Vecer | 20.05.2021

Трета опција? Никад, а можда ни тад

За да не биде дека зборувам за македонците само, ете ке кажам нешто што е саркастично и за албанците,.. ама, ке продолжам за македонците после.

На времето, кога беше албанско -српскиот воен конфликт, постоеше една досетка, вели што прават албанците во дијаспората навечер. Вели, ‘‘пијат чај, и убиваат срби по собата пеејки патриотски песни‘‘! Не се знае кој повеќе ‘‘срби отепал‘‘!

И, насабајле рано на работа за да не добијат клоца од германскиот газда, кого точно го заболе патљак кој колку срби отепал навечер уз чај, туку колку метри канал ископал. Ова е фигуративно речено, се разбира.

Секако, ова не се однесува на сите албанци. Да беше баш така, се ќе беше поинаку.

Во Македонија, некој треба да даде пример како се сака татковината. Под претпоставка дека албанците ете не знаат или не сакаат да ја сакаат, каде е изворот на инспиративност како се сака и негува државата?! Ја дава ли некој а што не е Албанец, Турчин, Србин, Бугар, Торбеш....

Ја дава ‘‘ташак мој ‘‘!

Без разлика кој е на власт, нека биде и Круме берберот, ама тоа, љубовта кон татковината не се прави со политичка пропаганда, ПР концепти или со бош муабети кои се едно на ТВ, а друго на терен. На терен, реално гледано, Македонија губи со ‘‘100 : 0 ‘‘ !

По сите аспекти. Љубовта кон татковината не се негува ниту со комитски песни, ниту со ‘‘француски манири‘‘ дека еве само што не сме влегле у Европа, таа стара курва која има нешто против нас.

Зошто во Македонија нема реална, здрава и јака ‘‘трета опција‘‘. Зошто оној дел од народот кој е гневен а не верува повеќе никому, не се организира за некаков си ‘‘спас на државата‘‘! Еве зашто!

Нема доволно реална, чесна и искрена љубов кон татковината. Нема лојалност кон државата. Нема чувство на државност. Нема верба во државата. Нема оптимизам и ентузијазам. Се е до таа мерка убиено во поим, што сите патриотизмот го носат само како маска за ‘‘Ковид – 19‘‘ како лајт мотив, додека се чека вакцинација, а со фигуративен јазик речено, сите се ‘‘патриоти‘‘, ама чекаат родното огниште да му го спаси некој друг ! Страшно!

Од друга страна, систематски големите партии веќе долги години сечат во корен секој еден обид некој да направи зародиш на еден таков зрел, стабилен и граѓански ориентиран столб. Но! Дали се само тие механизми и феномени пресудни?

Македонија изгуби еден огромен квантум на мозоци како државен одлив на спремни луѓе да инсталираат нова историја и иднина базирана на современите текови во Европа и светот. Тие не само што не сакаат да се вратат, туку дури и ја презираат оваа наша стварност гледајки дека ‘‘ нема лек за будали‘‘.

Дека нема лек против Голијат олицетворен во незрела демократија презентирана од маса која нема капацитет. Која од на нива право влегува во собраниско бифе. Која до вчера не знаела од носот понатаму, ама сега знае дури пола метар. И сето тоа во време во кое НАСА лета дронови на сред Марс!

Одсекогаш сум се плашел да бидам доволно и до крај искрен и транспарентен кога зборувам за Македонците. Како прво, тоа да не се подразбере како говор на омраза, а како второ, да не бидам разбран како човек кој чека македонците да ја оправат државата за да може ние албанците да уживаме во нечиј ‘‘туѓ‘‘ труд.

Што и колку придонесуваат македонците во покажување пример кон албанците како се сака реално своја земја!? Патриотизмот и реалното сакање на државата се покажува со конструктивност и консензуализам по прашање на квалитет на живот во својата татковина.

Да покажуваа македонците сплотеност, единство, борба за здрави институции, некорумпираност, доследност, а згора на тоа и ‘‘сите за еден, еден за сите‘‘, никој, ама баш никој немаше да може ‘‘да се заебава‘‘ со македонците.

Ниту однадвор, ниту одвнатре.

Зошто нема и не може да има трета опција во Македонија. Па, едноставно, не се создаде јака ‘‘сива зона‘‘ на реална граѓанска свест! Апсолутно бладање е да се рече дека нема граѓанска свест, ама таа е толку маргинализирана, спречена, инхибирана, не сплотена, така да државата уште еден многу долг период ќе функционира по системот на политички банди, мафии, ‘‘тебе-мене‘‘ комбинаторики, гола трка по политичка моќ која подразбира привилегии, а привилегиите подразбираат профит.

Пари, латентно и себично мислење на сопствениот газ наместо народниот, а кое се манифестира со ‘‘ад хок‘‘ политички решенија кои функционираат по системот ‘‘ држи воду док мајстори оду‘‘, па бездруго сме навикнати на стални предвремени избори.

Калето нека му ја мисли што и како ке се прави. Па, за џабе ли им ја дадовме најубавата локација што постои во скопската котлина, нека не се занесуваат, секој нека си ја работи својата работа. Они нека мислат и наредуваат, а ние да си го полниме газот, па има ли нешто срамно во тоа?

ИМА !...

Срамно е тоа што сите мислат на газот а не на татковината. Далеку од тоа дека Македонија нема квалитетни луѓе да понесат некаква современа политичко – социјална иднина, ама шансите за една таква реална опција да го понесе орото се сведени на нула. Ако земеме еден банален пример од народните сказанија, ке чуеме фраза ‘‘ врана врани очи не копа‘‘. Па, пизда ви материна, дали е Македонија земја на ‘‘ врани‘‘. Која крупна политичка њушка заврши казнета!? Ничија! Зошто, затоа шти никој нема ‘‘ чист газ‘‘!

И, бараш лојалност кон државата која самата на себе си го ‘‘начукува до балчак‘‘!? Колку и да звучи сурово ова што е напишано, ама баш никој не може да ме разубеди дека ова сака секој да го изусти, ама нема храброст.

Се појавуваат нови, мали политички партии кои се повикуваат токму на таа граѓанска свет, на која никој ништо не одработи минатите триесет години. И јас самиот сум бил иницијатор на една таква. Арно ама, формулата е погрешна.

Немој да градиш политички платформи и економски политики додека не ја изградиш реалната љубов кон татковината.

На тој испит падна Македонија. Не можеш да градиш здрава татковина без да носиш во себе ‘‘здрава лојалност‘‘. Девеесет проценти од политичарите се бават со политика ради сама политика, а не ради сериозна борба да се промени нешто. А останатите десет проценти,... ‘‘ ма кој им ебе матер‘‘.

Ајвани што се занесуваат дека може и поинаку да се функционира. А, како што стојат работите,.. може...

Жими к****! ( па ионака сум дефиниран како простак,.. бар да си речам).

Агим Јонуз

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk