logo
logo
logo

ОПАСНО ПО ЖИВОТ - Отров за стаорци во кашички за БЕБИЊА?

Vecer | 19.04.2026

ОПАСНО ПО ЖИВОТ - Отров за стаорци во кашички за БЕБИЊА?

Австрија се уште е во шок по сериозното предупредување од Министерството за здравство и Агенцијата за безбедност на храна (AGES) дека во детските кашички на познатиот бренд HiPP можеби е вметнат отров за стаорци. Родителите и полицијата се „на нозе“ од саботата наутро, откако беше објавено итно повлекување на сите производи на HiPP од стакло од полиците на над 1.500 маркети на ланецот SPAR низ целата земја.

Според извештаите на австриската телевизија ORF, постои основано сомневање за обид за уцена во градот Ајзенштат, но и во Чешка. Портпаролот на полицијата во Бургенланд, Хелмут Марбан, потврди дека добиле дојава за производи со кои „наводно било манипулирано и содржат супстанции опасни по живот“. Иако првичниот сомнеж паднал на кашичката „HiPP зеленчук со морков и компир“ (190гр), производителот и трговецот одлучија превентивно да го повлечат целокупниот асортиман за да се избегне каков било ризик.

Полицијата во моментов спроведува форензичка истрага и иако засега не е пронајдено ништо сомнително, апелираат до граѓаните на максимална претпазливост. Истрагата е насочена кон откривање на уценувачот кој се заканил со труење на храната за најмладите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk