logo
logo
logo

КРВ НА СНЕГОТ - МЕЧКА НАПАДНА воена единица среде Арктикот!

Vecer | 18.04.2026

КРВ НА СНЕГОТ - МЕЧКА НАПАДНА воена единица среде Арктикот!

Двајца војници стационирани во базата „Елмендорф-Ричардсон“ се повредени при напад на кафеава мечка за време на обука во оддалечен дел на базата, во Арктичката Долина на Алјаска, соопштија воените претставници и државните служби за заштита на дивиот свет.

Припадниците на 11-тата воздушно-десантна дивизија на американската војска биле нападнати во четвртокот додека изведувале вежба за „ориентација во просторот“. Како што пренесува „Енкориџ дејли њуз“, портпаролката на единицата, Џо Недерхолд, потврди дека до инцидентот дошло при директен контакт со животното во густо пошумената зона за обука.

На повредените војници уште вчераутро им била укажана соодветна медицинска помош. Деталите за степенот на нивните повреди засега не се откриваат за јавноста, се додека за настанот не бидат целосно известени нивните семејства. Ова не е прв пат војници во овој дел на Алјаска да се соочат со диви животни, со оглед на тоа што Арктичката Долина е познато природно живеалиште на кафеавите мечки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk