logo
logo
logo

Внимателно, низ Центар „оперираат“ крадци

Vecer | 02.02.2021

Внимателно, низ Центар „оперираат“ крадци

Граѓаните на Скопје треба да бидат внимателни, додека се движат низ Центар, затоа што се повеќе се зголемуваат случаите на кражби. Само во текот на вчерашната вечер во МВР има пријавени два одделни случаи на кражби во рок од час и половина.

Вчеравечер во 20: 35 часот во СВР Скопје, И.М. од Скопје пријавил дека околу 20: 05 часот во близина на сендвичарница на подрачје на Центар, две лица со закана од неговиот син одзеле паричник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Малку подоцна, односно во 23: 50 часот во Полициска станица Центар, Д.Б.(31) од Скопје пријавил дека околу 21: 55 часот на подрачје на Центар, бил физички нападнат со тврд предмет од две лица, кои му одзеле мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk