logo
logo
logo

Зорица Ѓорчевска: Александар ми рече тогаш дека Вања е киднапирана

Vecer | 14.10.2024

Зорица Ѓорчевска: Александар ми рече тогаш дека Вања е киднапирана

Откако Вања ја немало полицијата го проверувала сутеренот на зградата каде што живееле. Ја зеле и помалата ќерка од училиште и проверувале на интернет дали пишува нешто за Вања, рече при сведочењето на денешното судење за двојното убиство на нејзината малолетната ќерка и велешанецот Панче Жежовски во Основниот кривичен суд Скопје, Зорица Ѓорчевска.

- Александар ми рече тогаш дека Вања е киднапирана, нема што друго да биде, се присети Зорица, која тогаш ја прашала и полицијата дали може да објави дека ќерка и е киднапирана, а откако ѝ дозволиле тоа и направила.

- Во петок сабајле речиси секогаш помалата ќерка одеше сама на училиште. За конкретниот ден класната на помалата ќерка беше болна и затоа немаше да има прв час, додава Ѓорчевска.

Потврди дека – тоа му го кажала и на таткото.

- Не ги познавам обвинетите, а не сум скарана со Александар, изјави претходно  Зорица и додаде: - Во станот каде се случи настанот живеевме од септември, а станот беше во сопственост на Александар. Тој инсистираше станот да биде на негово име за децата да имаат нешто. Побарав станот да се префрли на име на децата, бидејќи јас ќе живеев таму како старател. Ја почнавме постапката, но нотарската постапка никогаш не беше завршена. Тој одолговлекуваше и јас престанав да инсистирам. Јас ги плаќав сметките, го реновирав и на 9 септември се вселивме. Претходно во станот живееше станар. Јас имам уште три стана и стан во Охрид, кој се водеше на името на родителите.

Зорица зборуваше и за кобниот ден, односно што се случувало.

- Помалата ќерка немаше прв час и Вања сама излезе на училиште. Кога класната ми прати порака дека Вања не е на училште ја следев на „гугл мапс“ и последната локација ѝ беше кај „Фитнес хаус“ на „Партизанска“. Беше недостапна, дојде и Александар, пријавивме во полиција. Дојдовме на споменатата локација кај една напуштена куќа и почнавме да ја довикуваме, раскажува таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk