logo
logo
logo

Запленети 300 теписони и стази без документација

Vecer | 16.12.2025

Запленети 300 теписони и стази без документација

Лишено лице од слобода, запленети 300 теписони и стази без документација

-На 15.12.2025 година полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на подрачје на СВР Охрид, поточно на место викано Подмоље го лишија од слобода А.Ј (52) од Скопје. Имено, откако било сопрено товарно возило „форд транзит” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., при преглед на возилото во товарниот дел пронајдени се 300 теписони и стази, без соодветна документација. Лицето е лишено од слобода, а возилото и стоката се одземени. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

The post Запленети 300 теписони и стази без документација appeared first on NetPress.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk