Сумата од 200 денари за пристап до мрежа пак, вели тој, ќе ја чувствуваат само тие кои имаат по три станови или викендици кои не ги користат.
„Ние направивме правилна распределба. Не може тие трошоци да одат само на овие што редовно трошат. Ова е направено максимално праведно.
Ние имаме околу 130.000 домаќинства што имаат потрошувачка нула или имаат 10-20 киловат часови. Тие се празни станови кои не се користат, но и до нив е дојдена енергетска инфраструктура и тие да, ќе имаат зголемена сметка за 200 денари, но сите останати кои имаат редовна потрошувачка, нема да го осетат тоа зошто имаат редовна потрошувачка.
Тие што редовно трошат струја ќе имаат бенефит од тоа. Ние во Македонија треба да ги жалиме тие што купиле по пет стана затоа што ќе плателе 200 денари за сметка, за сметка на некој што редовно троши во неговата трошна куќичка. Така не може. Тоа не е фер и праведен пристап. Не е проблем за тој што платил по 2.000 – 2.500 евра по квадрат за станот, 200 денари не му се проблем, особено ако го чува празен, ако троши, ништо нема да осети“, кажа Бислимовски за А1он.
Цената на струјата, според него, е поскапена поради поставените фотоволтаици, бидејќи потрошувачката на електрична енергија е опадната за 10 отсто.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата