Пред очите на јавноста и правосудниот систем, се одигрува едно неверојатно рочиште во кривичната постапка против Жан Митрев и Клиничката болница Жан Митрев, каде обвинителката со своето однесување ги изненадува и вознемирува сите присутни, посебно со непознавање на материјата од здравството за која води обвинение а се мачи дури и да ги прочита доказите, со естрадно однесување и со високиот тон полн со сарказам изразен преку вербален напад и кон судот и кон бранителите.
Очекуваниот стандарден судски процес изгуби секаков законски тек на настаните и го доведе капацитеот и мотивираноста на обвинителката после последново судење. Судот познава многу вакви счучаи но, сензибилнста е многу поголема кога му се суди на еден од врвните хирурзи во државата и тоа “по допрен глас“, а не пријава од пациент, стручна институција или претходна постапка од надлежен орган која резултирала со кривична пријава.
Едноставно, на Жан Митрев му се суди поради “допрен глас“ од ТВ емисија! И тоа автор на емисија која веќе два пати за година дена е осудена за клевета (Првата пресуда е правосилна, втората пресуда е за утврдена вина, сега е пред апелација), односно ширење лажни вести. Во таков случај, кога на обвинението не му претходи барана анализа и обвинител со искуство и интегритет, судењето е такво – какво што е. Театрално.
Кога адвокатот на одбраната Никола Додевски побара од судот да ја задолжи обвинителката да ги чита доказите, онака како што наложил законот, бидејќи по чл. 392 од ЗКП е утврдено дека ќе се читаат доказите освен ако странките поинаку не се договорат, а одбраната не се договорила поинаку и не се согласила за поинакво изведување на доказите - обвинителката даде коментар „среќа што обвинителството нема обврска да се договара бидејќи овде имаме некаков суд….”
Цинизмот дека имаме “некаков “ суд судијата не го оцени како навреда на судот, и прифати да биде “некаков“ судија.
“Мала шала е ова судија“

Со ова однесување јавниот обвинител го прекрши член 12 од нивниот Кодекс на етика каде јасно е укажано дека: Јавните обвинители се должни спрема колегите, вработените и странките да се однесуваат со внимание, достоинствено и со резервираност, кои се составни компоненти на јавнообвинителската функција.
Впечаток е дека обвинителката губи контрола над своите емоции и се се повикива на несвојствени навредливи термини кон судот, што не придонесува кон сериозноста на случајот ниту кон доказ дека и таа самата верува - во своите докази, па мора да применува дополнителни “зафати“.
Следно, искажувањата на обвинителката како „судија бе!!!“ и „да си размислиш судија...“ повторно потенцираме дека истите се експлицитно навредливи кон судот, заканувачки, нешто што не би требало да се случува во судскиот процес.
Однесувањето на обвинителката која чувствува дека и пропаѓа обвинениео не само што го уништува формалниот тон на судската постапка туку и го става судијата во непријатна позиција. Судиите се искусни, знаат што значи таквото однесување но – молчат и толерираат. Толерираат само кога обвинител јавно ги понижува.
Еден од изразите употребени во судницата од страна на обвинителката е и: „Здраворазумско толкување на ЗКП“ – Законот не познава „здраворазумско толкување“. Туку постапување по него. Се подразбира дека во судот при здрав разум се облигаторно обвинителите, судиите и адвокатите но, обвинителката во случајов смета дека само таа е при “здрав разум“, и само таа е повикана да го “толкува“ законот, наместо само да го применува.
Од особена важност е искажувањето на обвинителката кон судот: „судија ми се закануваат!“, иако не наведе ниту еден, макар вербален доказ дека некој не ѝ се заканил
„Малку беше ова шала судија“ - кажа ова обвинителката кога ги набројуваше доказите од нејзината листа на докази, а кои не сакаше по ред да ги чита... Доказите за обвинителството се ете – “мала шала“ која тргнала во процес на уништување авторитет, живот и бизнис на еден од најдобрите хирурзи во регионов. Судот, во случајов, станува естрада.
Но, најголема забелешка е во врска со начинот на презентирање на доказите.
Јавниот обвинител на последното рочиште се истакна и со тенденциозно читање на доказите, читање со потсмев, иронија и несолидарност кон пациентите и лекарите. Начинот и додавките со однесувањето на презентација на доказите не се во согласност со нејзината обврска за професионално и интегрално читање на доказите онакви какви што се но, судот и во овј случај беше извршител на обвинителството, а не на законот.
Со иронични и потсмевливи коментари, обвинителката не само што го пренебрегнува човечкото достоинство на пациентите, ги мнеува суштините и статусот на доказите, туку и ги турнува во иста категорија со некои плацеви од некое друго рочиште на кое „не било како на ова, таму не се читале материјални докази”.
Тоа се “докази“ на обвинителството кои самата обвинителка не сака да ги презентира пред судот согласно законот, кои самат ги исмева и потценува, а убедена е дека судот треба да изрече, и тоа анјстрога казна, за обвинетиот Жан Митрев.
Што да заклучи обичен набљудувач, што да очекува граѓанин за себе пред судот, ако обвинител без задршка исмева судија, му наредува на судијата, не сака да ги презентира пред јавноста своите докази, а случајот го води “по допрен глас“ од јавноста... Додека судијата не презема ништо естрадниот процес да се врати на правно ниво.
Одбраната тука е ставен во положба на набљудувач на тој обвинителски естраден настап, и тоа е причина зошто во Македонија од 100 обвиненија судот за вина осудува 97 обвинети! Само тројца од 100 пред ваков суд можат да се надеваат на невиност!
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата