logo
logo
logo

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА СТИПЕНДИИ, СДСМ манипулира со јавноста, вели Јаневска

Vecer | 19.05.2026

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА СТИПЕНДИИ, СДСМ манипулира со јавноста, вели Јаневска

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, порача дека нема да има намалување на бројот на студентски стипендии и ја обвини СДСМ за манипулација со јавноста.

Според Јаневска, бројот на стипендии не се утврдува со закон, туку секоја година се определува согласно со буџетот и потребите на државата. 

Таа информираше дека со предложените измени на Законот за студентски стандард се предвидува подобра распределба на стипендиите, со фокус на успехот на студентите, потребите на државата и пазарот на трудот.

Јаневска посочи дека во изминатите пет години не се исполнувала квотата за социјални стипендии, поради што дел од средствата останувале неискористени.

Министерката ги демантираше и тврдењата дека ќе се зголеми партиципацијата за сместување во студентските домови, нагласувајќи дека тоа не е предвидено во законските измени.

Таа најави и ново законско решение со кое државата ќе ги преземе платите на вработените во студентските домови, со цел да се намали финансискиот товар врз студентите.

Дополнително, Јаневска соопшти дека ова лето ќе започне реконструкција на сите студентски домови во државата. објави Скопје1.мк

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk