logo
logo
logo

Возел со „флешери“, се фалел на ТИК ТОК, па сега ќе го „ЈАДЕ“

Vecer | 04.02.2021

Возел со „флешери“, се фалел на ТИК ТОК, па сега ќе го „ЈАДЕ“

Полициски службеници од ПС Тетово доцна синоќа, во 21 часот му изрекоа соодветна казна според Законот за безбедност во сообраќајот на Ш.С. (20), кој со возило „ауди“ со тетовски регистерски таблички незаконски, со употреба на т.н. „флешери“ и хорна поминал без да плати патарина на наплатната станица Желино и тоа го објавил на социјалната мрежа „тик ток“.

Ш.С. во службениот разговор го признал делото а т.н. „флешери“ се демонтирани.  МВР во соработка со Државниот инспекторат за транспорт  на 31.01 и 01.02 санкционираше 32 лица за незаконско користење на т.н. „флешери“ со цел да се избегне плаќањето патарина, а ваквите засилени контроли ќе продолжат и во наредните денови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk