Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска напладне е во општина Шуто Оризари.
На Меѓународниот ден на Ромите, премиерот Мицкоски, како што е најавено, присуствува на почнувањето на реконструкцијата на улицата „Брсјачка буна“ по што ќе даде изјава за медиумите.
Шуто Оризари е единствената ромска општина во светот, традиционално раководена од градоначалник од ромска националност.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата