logo
logo
logo

Ние сме во тимот на пет европски држави со најмала инфлација

Vecer | 09.04.2026

Ние сме во тимот на пет европски држави со најмала инфлација

На месечно ниво инфлацијата кај нас е петта најниска во Европа-изјави премиерот Христијан Мицкоски кој кажа дека мерките со намалувањето на ДДВ-то и акцизите за горивата до сега дале резултати.

Државниот завод за статистика измери дека во март годинава инфлацијата се искачи на 4,9 проценти во однос на март лани. Трошоците за храна и безалкохолни пијалоци пораснале за 7,5 проценти. Во однос пак на февруари, таа е повисоки за 0,7%.

На месечно ниво февруари спрема март инфлацијата е 0,7 проценти и е петта најниска во Европа зад Белгија, Естонија, Словенија и Словачка. Со сиот ризик дека повторно од одредени структури ќе бидам нападнат, но тоа се факти, тоа се бројките.“, изјави Мицкоски.

Дали во вторник на владина седница ќе се донесат нови таргетирани мерки како намалување на Данокот на додадена вредност и ограничување на профитната маржа на трговците ќе се знае откако ќе се разгледа извештајот на пазарните инспектори.

„На последната владина седница го задолживме Министерството за економија и труд да во периодот направи компаративна анализа помеѓу цените на основните прехранбени производи на почетокот на февруари и почетокот на април оваа година. Очекувам сега во вторник, мислам 14-ти ако не се лажам е седницата, така вторник е 14-ти ако е се лажам, министерството за економија и труд ќе излезе со детална анализа и тогаш би можеле повеќе да кажеме“, рече Мицкоски.

Не се планираат ограничувања за соседите кои точат гориво кај нас иако некои бензински пумпи за 3 до 4 пати ја зголемиле потрошувачката.

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од динамиката на изградбата на автопатските делници на Коридорот 8 и на Коридорт 10Д и најавува дека со обезбеденото финансирање од домашните банки за заокружување на автопатот Кичево-Охрид оваа делница ќе стане функционална.

Сите делници од Коридорот 8 се одвиваат согласно предвидената динамика. Моментално се работат галериите. Имавме мала потешкотија морам да признаам посебно во делот на обезбедување средства за довршување на делницата Кичево-Охрид затоа што заемот од кинеската „Ексим банка“ повеќе не го добиваме, престана, но бргу се реорганизиравме.

Тој проблем е надминат, формиран е еден синдикат од домашни банки со исклучително поволни услови и тие практично ќе го дозавршат финансирањето. Тоа ќе биде последно и со тоа конечно таа делница ќе биде функционална – рече Мицкоски на новинарско прашање при посетата на Струга, пренесува МИА.

Исто така, дополни премиерот, напредува и делницата Тетово-Гостивар и Гостивар Букојчани, а предаден е и извештајот до заемодавателите за делницата Букојчани, приклучок Кичево, на автопатската делница Кичево-Охрид.

-Во тој дел сум исклучително задоволен. Исто така, прилично солидно напредува и реализацијата на делницата Прилеп-Битола која е дел од Коридор 10Д – изјави Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk