logo
logo
logo

ВО ЖИВО - ИЗЈАВИ ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА

Vecer | 14.01.2026

ВО ЖИВО - ИЗЈАВИ ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА

На иницијатива на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Клубот на пратениците се одржа лидерска средба на претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието, на која се разговараше за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања на предлог на учесниците на средбата.

Покрај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, присутни беа и Билал Касами како преставник на Вреди, Горан Минчев од ЗНАМ, Али Ахмети од ДУИ и Димитар Апасиев од Левица. Претседателот на СДСМ Венко Филипче не дојде на лидерската средба во Клубот на пратеници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk