Во битолското село Цапари вчера претпладнето била пронајдена рачна бомба, а по пријавата во полиција, била повикана Дирекцијата за заштита и спасување.
Пиротехничар од дирекцијата констатирал дека се работи за неексплодирана рачна бомба од француско производство, која потекнувала од Првата светска војна. Бомбата е безбедно отстранета.
The post Во Цапари пронајдена рачна бомба од Првата светска војна appeared first on NetPress.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата