Вчера околу 19.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од регионален пат Куманово – Свети Николе и бул.„Трета МУБ“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(41) од Куманово и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(62) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.С.(52) од Скопје, сопатничка во возилото „поло“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во болницата во Куманово.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово, соопшти МВР.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата