logo
logo
logo

Во Буџетот обезбедени 17 милијарди денари за зголемување на пензиите и здравствено осигурување на пензионерите

Vecer | 04.04.2025

Во Буџетот обезбедени 17 милијарди денари за зголемување на пензиите и здравствено осигурување на пензионерите

Грижата за пензионерите е приоритет на Владата. Пензионерите конечно го добија заслуженото, соопштија од Владата

Линеарното зголемување на пензиите за 5.000 денари на над 330.000 пензионери значи исполнување на даденото ветување.

Со ова второ линеарно покачување од 2.500 денари го заокруживме циклусот од зголемување на пензиите за 5.000 денари, со што најниската пензија во март изнесува 18.192 денари, додека просечната пензија изнесува околу 26.258 денари.

За таа цел како Влада во Буџетот за 2025 година се обезбедени 15 милијарди денари за зголемување на пензиите и дополнителни 1,9 милијарди денари за здравствено осигурување на пензионерите, односно вкупно 17 милијарди денари.

Нашата посветеност и работа создаваат сигурен и достоинствен живот за сите граѓани.

Како Влада продолжуваме кон реализирање на проектите и подобрување на животниот стандард, стои во соопштението

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk