logo
logo
logo

Таткото на Вања: ПАЛЕВСКИ ЛИЧНО ГО НЕМАМ ВИДЕНО! Ѓорчевски одгвовори и за другите дилеми

Vecer | 11.04.2025

Таткото на Вања: ПАЛЕВСКИ ЛИЧНО ГО НЕМАМ ВИДЕНО! Ѓорчевски одгвовори и за другите дилеми

Денеска со сведочење на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска, продолжи судењето за двојното убиство на Вања и Панче.

Ѓорчевски одговараше на прашања поставени од обвинителството во рамки на судскиот процес.

Во своето сведочење, тој повтори дека лично не познава никого од останатите обвинети, освен што слушнал за Љупчо Палевски – Палчо, кој се спомнувал во соседството додека се градела зградата „Тифани“, пренесоа медиумите

„Лично го немам видено, како лик, како изгледа“, истакна Ѓорчевски.

Објасни дека седум-осум години не бил вработен, откако заедно со сопругата Зорица се договориле тој да ги преземе грижите околу децата додека таа работи.

Обвинителката, преку низа прашања, се обиде да укаже дека тој не обезбедувал финансии за семејството.

Меѓу другото, беше запрашан и за своето школување, каде рече дека до петто одделение бил одличен ученик и соученик на Радмила Шекеринска, но дека во тинејџерските години попуштил во учењето.

„Татко ми ме запиша во Економско средно без моја согласност, поради што бев револтиран“, рече тој.

На прашања за секојдневната рутина на неговите ќерки, Ѓорчевски потврди дека знаел кога им почнува наставата и дека вообичаено, во петок, Вања одела сама на училиште бидејќи нејзината сестра Миња имала втор час. Истото важело и за денот на грабнувањето, 27 ноември 2023 година.

Обвинителката посочи дека само тој од сите обвинети знаел дека Вања тој ден ќе биде сама, што тој не го оспори, додавајќи: „Да, јас знаев, но не знам што знаеле другите.“

Во својата анализа, обвинителката посочи и порака што таткото ја испратил до децата вечерта пред исчезнувањето, предупредувајќи ги дека ќе биде многу студено и да облечат топла облека.

„Сакав да ги подготвам, бидејќи знам дека не сакаат да се облекуваат топло. Дури ѝ ја препратив пораката на Зорица, знаејќи дека мене нема да ме послушаат“, објасни Ѓорчевски.

На прашање зошто, ако знаел дека ќе биде многу студено, не ги однел со автомобил, тој рече дека размислувал, но дека неговата сопруга сметала оти не треба да ги разгалуваат децата.

Обвинителката се интересираше и за утринскиот момент кога дознал дека Вања ја нема. Иако важел за човек кој често доцни, Ѓорчевски рече дека брзо реагирал.

„Бев во долна облека кога Зорица ми се јави. Ја ставив на спикер се облекував додека ми зборуваше“, рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk