logo
logo
logo

Таравари го исклучи од партија директорот на Геријатрија кој бараше 100.000 евра мито

Vecer | 11.04.2025

Таравари го исклучи од партија директорот на Геријатрија кој бараше 100.000 евра мито

 Алијансата за Албанците го исклучи од партијата Мухсин Арифи, кој е осомничен дека зел мито за да смести неподвижно лице.

Од партијата на министерот за здравство, Арбен Тараври, информираа дека нивниот етички кодекс бара политичките претставници да имаат високи стандарди на морален, правен и професионален интегритет, а членовите на раководните структури да постапуваат во согласност со законот, Програмата и Статутот на партијата, избегнувајќи лични финансиски или материјални придобивки.

Арифи е разрешен и од функцијата претседател на Огранокот Сарај, до донесување конечна одлука од страна на надлежниот суд.

Мухсин Арифи, според истрагата, знаел дека пациентот што требало да се смести во установата бил богат и барал 100.000 евра поткуп. Кога роднината на пациентот рекол дека тоа се многу пари, директорот предложил до сумата да се дојде преку продажба на стан што го поседувал пациентот. По неколку средби, сепак, било договорено роднината да даде 20.000 евра за да го смести болното лице во болницата

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk