МВР поднесе кривични пријави против фирмите ХАГ БУС и Фер Атомик кои сметаат за финансиери на ДУИ.
Во акцијата спроведена од МВР утврдено е дека наведените фирми приложувале лажни фактури дека вршеле превоз во Општина Тетово. Случајот е пријавен од Општината, по што СВР Тетово презело мерки и активности со кои утврдиле дека се работи за приложување на лажни фактури и поднеле кривична пријава.
Општината ги пријавила бидејќи овие фирми преку извршител сакале да си ги наплатат парите за услугата која не ја извршиле.
На овој начин ја финасирале ДУИ, односно од продажбата на автобуси за превоз на ученици, назад во партијата враќале ќеш.
Од друга страна, се сомничат и дека прикажувале лажни даночни пријави.
Според утврденото, МВР поднесе кривични пријави за „измама“ и „давање лажен исказ“, однсно изготвиле фактури иако знаеле дека договорите за превоз на ученици во Тетово биле истечени
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.З.(46) од Тетово и против правно лице –транспортно претпријатие од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и „давање лажен исказ“. Во текот на септември и октомври 2024 година, пријавените, иако знаеле дека договорот за превоз на редовни ученици, склучен помеѓу пријавените и средно училиште бил истечен, без правен основ изготвиле фактури во износ од 15.034.110 денари за двата месеци и ги доставиле до надлежните служби на училиштето со намера да биде извршена наплата. Пријавените не успеале да ги доведат во заблуда надлежните во училиштето, по што на нотар дале лажен исказ и ги доставиле фактурите со барање да изготви предлог решение за нотарски платен налог, кое било донесено од нотарот“, истакнуваат од МВР.
СВР Тетово поднело кривична пријава против Ќ.Ф.(59) од с.Шемшово и правно лице од с.Шемшево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „давање лажен исказ“.
„Во текот на септември и октомври 2024, пријавените, иако знаеле дека договорот за превоз на редовни ученици склучен помеѓу пријавените и средно училиште во Тетово бил истечен, на 10.06.2025 без правен основ, изготвиле фактури за 09-ти и 10-ти месец 2024 во вкупен износ од 2.152.447 денари, а потоа ги доставиле до надлежните служби на наведеното училиште, со намера да ги доведат во заблуда и да биде извршена наплата на доставените фактури“, објаснуваат од МВР и додаваат:
„Пријавените кај нотар дале лажен исказ, барајќи да изготви предлог решение за нотарски платен налог“.
The post Во акција МВР поднесени кривични пријави за фирми финансиери на ДУИ appeared first on NetPress.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата