logo
logo
logo

Премиерот даде понуда за раст на платите

ВО 15 ДО 5: Мицкоски ќе се сретне со Синдикатот на УПОЗ и КСС

Vecer | 05.02.2026

ВО 15 ДО 5: Мицкоски ќе се сретне со Синдикатот на УПОЗ и КСС

Премиерот Христијан Мицкоски попладне ќе се сретне со Синдикатот на УПОЗ. Средбата е закажана за 16:45 часот, а доаѓа откако Мицкоски даде понуда за раст на платите за која УПОЗ рече дека е прифатлива и дополнително ќе се разговара во рамките на синдикалните организации.

Претходно, понудата на Владата беше прифатена и од КСС, предводен од Благоја Ралповски.

Во изјава за медиумите премиерот рече дека понудата е на маса повеќе од една година и дека е подготвен за средба и потпишување на колективниот договор за државни службеници.

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи вчера на новинарски прашања во врска со актуелните разговори за покачувањата на минималната плата и зголемувањето на платите за вработените во јавната администрација со синдикалните претставници, рече дека Владата има своја формула за пресметување на платите на вработените во администрацијата.

-Најголем дел од претставниците на синдикатите, и репрезентативните и од гранковите, се согласни со таа позиција на Владата, со неколку исклучоци. Формулата што ја нуди Владата во врска со тоа како ќе следи покачувањето на платите на административците етапно ќе значи повисоки примања за нив, а не само за онолку средства колку што ќе расте минималната плата, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk