logo
logo
logo

ВЕЧЕРВА ПОЧНА АКЦИЈА ЗА МАРИХУАНАТА, ќе има ли обвинители за законска истрага

Vecer | 04.02.2026

ВЕЧЕРВА ПОЧНА АКЦИЈА ЗА МАРИХУАНАТА, ќе има ли обвинители за законска истрага

Во тек е координирана и дискретна полициска операција на повеќе локации во Струмица и Струмичко, како и во Скопје, каде објект во поранешниот индустриски комплекс „Охис“ е целосно запоседнат од безбедносните служби.

Иако официјални соопштенија сè уште нема, неофицијалните информации упатуваат на сериозен институционален ангажман поврзан со случајот на запленета марихуана во Србија и можните врски со македонски компании пишува НетПресс

Изворите за нетпресс говорат дека станува збор за тивка, но обемна акција, водена во тесен круг, со цел директен удар врз мрежи кои со години ја злоупотребувале дејноста на т.н. „легално“ производство на канабис. Во операцијата, наводно, се вклучени повеќе институции – полицијата, царинските служби, здравствените органи и јавното обвинителство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk