logo
logo
logo

ВМРО ДПМНЕ: Власта го ограбува народот, скапата струја ќе значи голема сиромаштија од есен

Vecer | 01.07.2022

ВМРО ДПМНЕ: Власта го ограбува народот, скапата струја ќе значи голема сиромаштија од есен

Власта го ограбува народот, скапата струја ќе значи голема сиромаштија од есен.

Вистинското покачување на струјата кое власта сака да го сокрие е над 18%. Тоа значи ако до вчера едно домаќинство плаќало 4.000 денари, од 1 јули ќе плаќа скоро 5.000 денари.

Вистинскиот шок ќе следи во зимскиот период, особено за домаќинставата кои се грејат на струја. А такви има голем број, особено ако се земе во предвид дека власта и самата субвенционираше купување на инвертер клими со цел замена на старите грејни тела на тврди горива.

Па така домќинство кое се грее на грејно тело на струја и кое лани плаќало 13.000 денари месечно за струја, оваа година месечно ќе плаќа и над 28.000 денари.

Парите на граѓаните нема да стигнат буквално ниту за покривање на сметките.

СДСМ и ДУИ ја задолжуваат државата и ги осиромашуваат граѓаните. Премногу е., се вели во Соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk