Проблемот со Бугарија ќе се решава на релација
Скопје-Софија. Не може билатерален проблем кој што е наметнат од нивна страна,
да го реши Европската унија. Таа треба да биде посредник, да се повика на
европските вредности и да изврши дополнителен притисок врз нашиот сосед, изјави
претседателскиот кандидат Максим Димитриевски, одговарајќи на прашање каде
попрво би отишол за решавање на проблемите – Брисел, Софија или Вашингтон,
доколку стане шеф на државата.
Тој е дециден дека прашањето треба да се решава тука, а
преговарачката рамка со ЕУ да претрпи одредени измени.
-Тоа е можно, ако ги видиме примерите со Црна Гора и Србија.
Едноставно Европа треба да нè разбере и сфати, истакна лидерот на ЗНАМ во
емисијата на „Слободен печат“.
Според Димитриевски, Македонија треба да го искористи
геополитичкиот момент во светот и нашата геостратешка положба, со цел да знаеме
како да преговараме со државите кои се влијателни во ЕУ.