logo
logo
logo

Лефков

„Власта да објави КОИ СТРАНСКИ ФОНДАЦИИ ВЛИЈААТ НА ОДНОСИТЕ со Бугарија“

Vecer | 30.01.2023

„Власта да објави КОИ СТРАНСКИ ФОНДАЦИИ ВЛИЈААТ НА ОДНОСИТЕ со Бугарија“

Државниот врв лиферува информации дека има странски држави, странски агентури, странски служби кои што се вклучени, па затоа ние ги повикавме ајде јавно нека објават за кои странски фондации, за кои странски здруженија, за кои агентури станува збор кога имаме бугарски европратеник кој што доаѓа овде во Македонија и гледате како се однесува и шири иредентистички тези и ги понижува Македонците, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во „Утрински печат“.

Тој потенцира дека целта на постоење на независна и суверена држава и целта на постоењето на институциите е за да вие како граѓанин и јас како граѓанин да бидеме институционално заштитени.

- Кога станува збор за институционално заштитени зборувам и за достоинството, зборувам и за заштита на сопственоста, и за заштита на човековите права односно во секој аспект. Кога веќе имате организирана држава, таа треба да се грижи и да ги заштитува интересите на своите граѓани“, рече Лефков.

Лефков додаде дека прашањето е едноставно, а тоа е што направи Македонија и македонските институции претежно се мисли на министерството за надворешни работи. Тој потсети исто така дека министерството за надворешни работи кога преговорите со Бугарија ги водеше, опозицијата неколку пати повикуваше во Собрание да дојдат претставници и да се разговара на тема за односите помеѓу Македонија и Бугарија.

„Бугарија и Македонија имаа еден различен пристап, на пример Бугарите многу понавремено донесоа Декларација во нивното Народно Собрание во која што јасно ги поставија своите црвени линии. А, додека пак македонската власт многу се колебаше и не сакаше да постави такви линии. Имавме многу проблеми да ги повикаме. Видовте дека тие преговори се водеа навидум како да станува збор за преговори на некоја приватна фирма со еден тесен круг на луѓе кој што се состоеше од државниот врв Заев, Османи и Маричиќ во тоа време, а сега Ковачевски, Османи и Маричиќ“, нагласи Лефков.

Тој посочи дека од министерството за надворешни работи немаше ниту една сериозна реакција на понижувањата кои што се случија од страна на Бугарија.

„Како може Скопје и Софија заедно да одлучуваат како ќе се чествува празник кој што ви се случува на неколку стотина метра од овде од каде што се наоѓа ова студио? Тоа е парадоксално. Ако зборуваме за суверенитетот на една држава, основни елементи на суверенитетот е дека ниту една друга јавна власт смее да и се меша во одлуките што ги донесува. Патем да не го споменуваме дека тоа Бугарија е еден од негативните примери затоа што не се спроведуваат одлуките од Судот во Стразбур. Зошто не се спроведуваат одлуките од Судот во Стразбур? И зошто не побараме да се исполнат“, запраша Лефков.

Тој укажа дека МНР не ги брани интересите на македонскиот народ. Имено, Бујар Османи глуми медијатор од меѓународна заедница како на бугарска телевизија се обидува со некој смирени тонови да разговара.

„Не станува збор дека ние бараме од министерството за надворешни работи или од било која институција да работи кон ескалација, напротив на нас навистина ни треба пријателство, меѓутоа ни треба искрено пријателство. Не ни треба пријателство за да бидат сокриени неуспесите на ДУИ и на СДСМ и да бидат сокриени неуспесите на оваа Влада. Повеќе од очигледно е и сите луѓе знаат дека односите особено нарушените односи одат во прилог само на оваа власт која што за жал работи против интересите на своите граѓани и притоа секогаш се обидува да најде некои надворешни тајни неидентификувани непријатели“, заклучи Лефков.

Лефков се осврна и на уставните промени и нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ цврсто останува на својот став и нема да дозволи понижување на Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk