logo
logo
logo

Познат идентитетот на загинатите во сообраќајната несреќа кај Штип

Vecer | 20.04.2024

Познат идентитетот на загинатите во сообраќајната несреќа кај Штип

Две лица ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа, која се случи во саботата во 14,25 часот на експресниот пат Штип-Кочани во близина на индустрискиот дел на Штип, потврди портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова во писменото соопштение  до медиумите.

Жртвите се на возраст од 40 и 64 години, од Кочани и од Скопје.

„На 20.04.2024 на експресниот пат Штип – Кочани во близина на индустрискиот дел Штип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило ‘пежо’ со кочански регистарски ознаки управувано од 40-годишниот А.Н. од Кочани и патничко моторно возило ‘шкода’ со скопски регистарски ознаки управувано од 66-годишниот Б.Д. од Скопје. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот на ‘пежото’ и сопатничката 64-годишната Л.Д. во ‘шкодата’“, се вели во соопштението од СВР Штип.

Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Штип. Повреден е и 66 годишниот возач од Скопје, брачен другар на сопатничката во возилото шкода со скопски регистерски таблички. Префрлен е во штипскиот Клинички центар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk