logo
logo
logo

Владата предложи 9 нови амбасадори - МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ

Vecer | 18.02.2026

Владата предложи 9 нови амбасадори - МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ

Орхан Муртезани, поранешниот министер за европски прашања, ќе биде нов македонски амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел. Тој е еден од деветтемина нови амбасадори чии имиња поминале на денешната владина седница.

Нов амбасадор во Лондон ќе биде Илина Мангова, која зад себе има долгогодишна кариера во невладиниот сектор и била дел од раководството на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

Останатите предложени амбасадори се дипломати од кариера со долгогодишно искуство во Министерството за надворешни работи.

Меѓу нив е и Линда Салиеска Иљазоска, која во моментов е дел од кабинетот на министерот Тимчо Муцунски. Таа има речиси две децении дипломатско искуство и повеќе мисии во дипломатските претставништва низ Европа, а по завршување на процедурите се очекува да биде нов амбасадор во Хаг.

Покрај амбасадорските позиции, Владата донела одлука и за именување на две лица на конзуларни функции во Мелбурн и во Солун.

Од претходно се познати и имињата на Веле Трпевски како амбасадор во Тирана, Андријана Цветковиќ во Токио, Димитар Блажевски во Киев и Фадиљ Зендели во Копенхаген, кои исто така ја чекаат процедурата во Собранието.

Согласно законските процедури, сите девет кандидати ќе треба своите дипломатски платформи да ги претстават пред собраниската Комисија за надворешна политика, по што претседателката Гордана Сиљановска Давкова треба да ги прифати и потпише указите за нивно упатување во дипломатските мисии. Според информациите, списокот на нови амбасадори веќе е усогласен меѓу претседателката, Министерството за надворешни работи и Владата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk