Денеска беа презентирани резултатите од пописот. Спооред нив вкупно попишани се 2.097.319 лица, додека вкупно резидентно население се 1.836.713 лица, а вкупно нерезидентно население изнесува 260.606 лица.
За 132 260 лица податоците се преземени од административни извори.
Македонци се 54,21% од вкупниот број попишано население, Албанци се 29,52%, Турци 3,98%, Роми се 2,34%, додека Срби се 1,18%, а 0,87% се Бошњаци и 0,44% се Власи.
Од вкупното резидентно население 58,44% се Македонци, додека Албанци се 24,3% Албанци, 3,86% се Турци, 2,53% Роми, 0,47% Власи, 1,3% се Срби и 0,87% се Бошњаци.
Од нерезидентното население 24,45% се Македонци, 66,3% Албанци, 4,79% Турци, 1,02% Роми, 0,19% Власи, 0,35% Срби, 0,81 Бошњаци.
Борјот на странци е 1674 лица.
Бројот на домаќинства изнесува 598,632, а просечен број на членови 3,06 лица.
Бројот на станови изнесува 839,174.
Најмала општина е Зрновци со 2086, а најголема Куманово со 98,104.
Скопје има 526,502 лица, а домаќинства 171,171. Станови 213,850.
Просечна возраст на населението 40,08 години.
Вкупното население е намалено за 185.834 лица.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата