logo
logo
logo

Венко Филипче беше фатен во "Крвави тендери" НАБАВКА ВРЕДНА 35 МИЛИОНИ ЕВРА (ВИДЕО)

Vecer | 11.04.2025

Венко Филипче беше фатен во "Крвави тендери" НАБАВКА ВРЕДНА 35 МИЛИОНИ ЕВРА (ВИДЕО)

Венко Филипче беше фатен во "Крвави тендери" набавка вредна 35 милиона евра, тој нема кредибилитет, да си поднесе оставка. Венко Филипче со сила го туркаше проектот за набавка на тестови и реагенси за крвни анализи вреден 35 милиони евра, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Единствена фирма која се имаше појавено на повикот и со која Филипче беше пред склучување на договор беше АХР ЛАБ, фирма без корпоративна електронска пошта, а ќе остане запаметена по маилот жути@јаху.ком

Венко Филипче чекаше да помине револтот на јавноста за да продолжи да го турка тендерот, но силната реакција на медиумите, ВМРО-ДПМНЕ и јавноста тоа не го дозволија.

Венко Филипче нема кредибилитет. Тој е претседател на СДС, само за да може некогаш повторно да дојде во позиција за да ги повтори тендерите како тој со аферата "Крвави тендери". Токму затоа Венко Филипче нема кредибилитет. Венко Филипче треба да си даде оставка, рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk