logo
logo
logo

Во Белград почина Стојанче Стефанов пациент повреден во пожарот во Кочани

Vecer | 17.04.2025

Во Белград почина Стојанче Стефанов пациент повреден во пожарот во Кочани

Пожарот во Кочани ја зеде и 62-та жртва.

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинска Академија во Белград денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година.

Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинската Академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец, пренесе ТВ21

Станува збор за пациент со 27 отсто зафатеност со изгореници и сериозни повреди од вдишување на чад.

Во ВМА е опериран на 4 април и поставен на ЕКМО апарат, преку кој се оксигенира крвта преку машина, заради вдишаниот чад. Но, заради сериозноста на повредите, тој поголем дел од хоспитализацијата бил нестабилен и во тешка општа состојба.

Министерството за здравство изразува најдлабоко сочувство до фамилијата и до сите засегнати од трагедијата во Кочани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk