logo
logo
logo

Велосипедист удрен од автомобил во Свети Николе

Vecer | 16.12.2025

Велосипедист удрен од автомобил во Свети Николе

На плоштадот Илинден во Свети Николе, вчера автомобил „фолксваген пасат“ со светиниколски таблички управуван од В.Ц.(49) удрил велосипед управуван од Д.М.(73).

Двајцата учесници во сообраќајката се од Свети Николе.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.

The post Велосипедист удрен од автомобил во Свети Николе appeared first on NetPress.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk