logo
logo
logo

КРАЈ ЗА „ТАЈНИТЕ“ РАЗРЕШУВАЊА и построги критериуми за избор

Усвоен е новиот Закон за Судскиот совет со 73 гласа ЗА и еден ВОЗДРЖАН

Vecer | 29.12.2025

Усвоен е новиот Закон за Судскиот совет со 73 гласа ЗА и еден ВОЗДРЖАН

Со 73 гласа „за“ и само еден „воздржан“, македонското Собрание денеска ги усвои измените на Законот за Судски совет. Овие законски измени имаат за цел да ја вратат довербата во судството преку отстранување на системските слабости и воведување на повисоки стандарди за транспарентност и отчетност.

Една од најзначајните новини е воведувањето јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет, со што се става крај на претходните контроверзни практики. Исто така, законот прецизно ги дефинира критериумите за тоа кој може да биде избран за „истакнат правник“ и воведува задолжителна јавна расправа при избор на членови кои не се од редот на судиите.

Дополнително, Судскиот совет отсега ќе има законска обврска детално да ги образложува и индивидуализира одлуките за избор и одговорност на судиите, со јасно утврдени рокови за дисциплински постапки и прецизирани механизми за жалба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk