logo
logo
logo

УХМР најавува топло време: На 1 јануари 17 степени

Vecer | 27.12.2021

УХМР најавува топло време: На 1 јануари 17 степени

Значително облачно време со појава на магла и ниска облачност по котлините и речните долини ќе преовладува во наредните два дена, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Повремен локален дожд ќе има в среда, а потоа, во следните денови времето ќе биде стабилно и сè  потопло.

Според најавата на УХМР, утринските температури до недела секаде во земјава ќе бидат над нулата, а највисока дневна е прогнозирана за сабота, првиот ден од 2022 година, и тоа до 17 степени.

- Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика постепено топење на снежната покривка, најави УХМР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk