logo
logo
logo

Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд

Vecer | 18.05.2024

Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд

Во саботата напладне во близина на Трговскиот центар „Рамстор“ во центарот на Скопје непознато лице вербално ѝ се заканувало на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, по што интервенирало нејзиното обезбедување.

„Полициски службеници од Полициската станица Центар денеска во 14 часот го лишиле од слобода 57-годишниот В.П.Г. од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К., на 67 години, од Скопје со зборовите ‘ќе одговараш, страшно ќе одговараш’. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик’, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од Уставниот суд потврдија дека претседателката на судот Кацарска денеска во полициска станица пријавила вербален напад и загрозување на сигурноста. Изјава за настанот во полиција дале неколку сведоци.

Претходно, на 15-ти овој месец во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на Кацарска.

Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

„На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло“, информираа во дневнито билтен тогаш од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk